Заврши полициската акција во Арачиново и липковскиот крај, МВР без детали

Заврши полициската акција во Арачиново и липковскиот крај
Заврши полициската акција во Арачиново и липковскиот крај

Ситуацијата во липковскиот регион, селата Ваксинце и Лојане синоќа беше мирна и немаше никакви инциденти или вооружени и терористички групи на теренот и покрај ваквите шпекулации во дел од медиумите, објаави Телма.

Сеуште има зголемено присуство на контролни полициски пунктови. Населението до доцна вечерта беше излезено по локалите и чајџилниците. Локалните жители за Телма потврдуваат дека полицијата редовно врши контроли во регионот, во потрага по мигрантите кои се обидуваат да влезат на територијата на Србија.

Од МВР соопштија дека полициската операција во липковскиот крај и Арачиново завршила, додавајќи дека повеќе детали ќе соопштат на прес-конференциј во текот на денот.

Според неофицијални информации, полицијата ја спровела акцијата откако добила информации дека на ова подраче има нелегални мигранти. Акцијата се спроведувала и на пограничниот појас со Косово и во реонот на селата Слупчане, Матејче и Арачиново. Била извршена полициска контрола на неколку локации и напуштени објекти долж граничната линија која е прогласена за кризно подрачје.