Заврши претресот за Предлог-буџетот, следува амандманска расправа

По четири дена расправа собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска го заврши општиот претрес за Предлог-буџетот за 2016 година.

По редовната едночасовна пауза попладне во 15 часот Комисијата треба да почне амандманска расправа, пренесе МИА.

За Предлог-буџетот за 2016 година  се поднесени 418 амандмани, од кои 235 од здружената опозиција, 178 од ДПА, три од ДУИ, еден од пратеничката Роза Топузова Кареска и еден од повеќе пратеници.

Собранискиот деловник предвидува расправа од најмногу 10 дена за новиот  буџет  во матичната собраниска комисија.