Заврши првиот циклус од програмата „Млади атлети” на Специјална олимпијада Македонија

Заврши првиот циклус од програмата „Млади атлети” на Специјална олимпијада Македонија
Заврши првиот циклус од програмата „Млади атлети” на Специјална олимпијада Македонија

Во Свечената сала на ОУ „Димитар Миладинов” вчеравечер се одржа завршната презентација на првиот циклус од програмата „Млади атлети” на Специјална oлимпијада.

Програмата „Млади атлети“ на Специјалната oлимпијада е програма со забавно-спортски активности во раното детство кај деца на возраст од 2 до 9 години и вклучува игри, песни и други забавни физички активности.

Во програмата учествуваа деца со интелектуална попреченост и деца без пречки во развoјот, нивни врсници, од училиштaта „Јохан Хајнрих Песталоци” и „Кочо Рацин” за да може директно да се прикаже надминувањето на предрасудите и стигматизацијата низ детската игра.

Нашите млади атлети низ ова програма учат основни спортски вештини, како што се шутирање и фрлање топка и меѓусебно играње. Тие ги вежбаат своите спортски вештини, се стекнуваат и со моторни вештини, како што се рамнотежата, флексибилноста, силата и координацијата. Всушност, една неодамнешна студија покажа дека децата со пречки во развојот, кои учествувале во структурната 8-неделна програма за млади атлети, покажале значително повеќе развиена моторика од оние што не учествувале во неа. Не само тоа, туку и нивните учители и родители исто така забележале подобрена самодоверба, јазични  и друштвено-социјални вештини. Друга придобивка е што семејствата повеќе играле заедно дома и во околината.

Оваа прва генерација на „Млади атлети” на Специјална олимпијада своите тренинзи ги одржува во салата на О.У. Димитар Миладинов и нејзиното реализирање е овозможено со несебично вложување на волонтерскиот тим на Специјална олимијада и неколку ученички од гимназијата НОВА.

Целта на Специјалната oлимпијада е да го удвои учеството во програмата „Млади атлети“ до 2017 година, а со тоа да овозможи сензибилизирање на децата за нивните врсници со интелектуална попреченост и заедничко дружење.

1

2

4

5