Заврши ракометниот шампионат на Македонија

Со трите натпревари одиграни попладнево, а во рамките од 10.коло во плејофот, заврши ракометниот шампионат на Македонија во машка конкуренција.

Сезоната 2015/2016 година повторно мина во знакот на ракометарите на Вардар кои и овојпат ја освоија двојната круна, односно покрај триумфот во првенството, тие очекувано беа најдобри и во националниот куп.

Вардарци во последниот меч одигран на гостински терен кај екипата на Прилеп забележаа победа со 38-34.

За разлика од минатата кога Макс Струмица заврши како второпласирана, годинава зад црвено-црните се најде екипа на Металург, која попладнево забележа гостинска победа против струмичката екипа со 33-28.

Иако на почетокот на сезоната тимот на Работнички стартуваше со големи амбиции, сепак, популарните „романтичари’’ разигрувањето, односно плејофот го завршија со максимално десет порази. Тие денеска беа совладани од Охрид со 33-18.

Табела: Вардар 30 бодови, Металург 24, Макс Струмица 18, Прилеп 15, Охрид 9 и Работнички 0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.