Заврши седницата на ДИК: Одбиен последниот приговор од СДСМ

Државната изборнја комисија по многу натегања и кавги, конечно донесе одлука за последниот приговор поднесен од СДСМ, поврзан со наводни нерегуларности на избирачко место во Теарце.

Со 4 гласа ЗА, 4 гласа ПРОТИВ и 1 ВОЗДРЖАН, членовите на ДИК го одбија приговорот на СДСМ, кој се однесуваше за избирачкото место 2011 во Теарце.

Иако од самиот старт беше јасно дека нема ниту еден доказ кој би укажал на тоа дека приговорот треба да се прифати, сепак членовите на СДСМ во ДИК Игор Милев и Вилета Дума правејќи будали од себе на целата јавност и покажаа за какви луѓе станува збор.

Членовите на општинскиот одбор од конкретното избирачко место, со факти и аргументи ги замолчија Милев и Дума, поради што во одредени моменти се доаѓаше до заклучок дека членовите на ОИК се далеку покадарни и поспособни од слепите послушници на Заев.

Ваквата кловновска игра на Милев и Дума, поддршка добиваше и од извршителот на Заев во ДИК, Александар Чичаковски, чија целосна неспособност и непрофесионалност граѓаните можеа да ја видат на дело изминативе денови.

Со ова заврши седницата на ДИК, каде што беа поднесени приговори од СДСМ и од БЕСА. Прифатен е еден приговор од БЕСА заради што ДИк го поништи гласањето во едно избирачко место, заради што политичките партии имаат можност да ја оспорат одлуката пред Управниот суд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.