Заврши сезоната за Дејан Блажевски поради операција на коленото

Тој на еден од последните тренинзи го повреди лигаментие на коленото, па по прегледите што ги изврши во Хрватска одлучено е да оди на операција, што би значела пауза повеќе од шест месеци.  Оваа повреда претставува голем хендикеп за тренерот на Вардар Гоце Седлоски а и за селекторот Игот Ангеловски кој сметаше на неговите услуги за престојниот пријателски двомеч со Словенија и Бугарија.
30-годишниот офанзивец кој лани го засили Вардар, во црвено-црниот дрес има одиграно 33 натпревари и постигнато 18 гола. Интересно е што тој со повреден колено ги  одигра двата стартни меча од пролетниот дел, против Ренова и Хоризонт.