вторник, 17 јануари 2017  |  Вести денес: 24

Заврши заложничката драма во Дака, загинаа 20 заложници

Вооружените напаѓачи во Дака убиле најмалку 20 цивили, кои претходно ги имаа земено за заложници во еден ресторан, а повеќето од жртвите се убиени со ладно оружје, изјави портпаролот на бангладешката војска, бригадниот генерал Најим Ашфак Чаудури, пренесе МИА.

daka-zalozznici

Последни вести

Вооружените напаѓачи во Дака убиле најмалку 20 цивили, кои претходно ги имаа земено за заложници во еден ресторан, а повеќето од жртвите се убиени со ладно оружје, изјави портпаролот на бангладешката војска, бригадниот генерал Најим Ашфак Чаудури, пренесе МИА.

Пронајдовме 20 тела. Многу од нив се брутално избодени со остро оружје, рече Чаудури, кој не наведе од која националност се жртвите, пренесоа француските медиуми.

Тој  наведе дека во операцијата на безбедносните сили биле спасени 13 заложници, вклучувајќи еден Јапонец и двајца државјани на Шри Ланка.

Бангладешките безбедносни сили утринава ја завршија 12-часовната заложничка криза, упаѓајќи во ресторанот во кој напаѓачите држеа десетина заложници во текот на цела ноќ и притоа убија шестмина од напаѓачите.

Полицијата наведе дека најмалку 13 заложници,вклучувајќи и тројца странци, се ослободени кога командосите ја презеле контролата врз ресторанот во богатиот кварт Гулшан во Дака.

Покрај тоа, на почетокот на заложничката криза погинааа двајца полицајци во борба со напаѓачите, кои биле вооружани и носеле експлозив.

Таканаречената Исламска држава ја презеде одговорноста за овој напад, што следи после повеќе убиства на припадници на верски малцинства, странци и либерални активисти во мнозински муслиманскиот Бангладеш.

Операцијата е завршена. Ситуација е во целост под контрола, изјави Рашидул Хасан.

Командантот на елитниот Батаљон за брза акција, кој го изведе упадот во ресторанот, изјави дека локалот е расчистен, но дека е можно некои напаѓачи и натаму да се на слобода.

Убивме шестмина терористи. Главното подрачје што го држеа под контрола е расчистено, но можно е некои од нив да побегнаа, рече командантот Тухин Мохамад Масуд.

Најчитани вести