Завршија Деновите на македонската традиција во Белград

 

Во српската престолнина изминатиот период се одржа традиционалната манифестација Деновите на македонската традиција, а гастрономски рељеф на шеф огненовски за одушевување на белграѓани

Denovi na makedonskata tradicija vo Belgrad (2)

„Јас сум промотор на здравата и функционална храна, а производите за неа ги наоѓам насекаде низ Македонија. Тоа е нашиот гастрономски Алшар и таа наша богата ризница ја претставувам низ регионот и низ земјите од светот!“, рече шеф Влатко Огненовски

 

Вратите на ексклузивниот белградски ресторан „Ковач“ и оваа година беа ширум отворени за организација на познатата манифестација Денови на македонската традиција. Како резултат на добриот одзив од минатогодишната манифестација и големиот интерес на љубителите на македонската култура и гастрономија во српската метропола, оваа година веќе традиционалниот настан траеше дури две недели, од 8-ми до 22-ри мај.

18423012_1453132814743547_6818144875531660912_o

Главен гостин, но и ко-домаќин и координатор на манифестацијата беше нашиот популарен готвач – Шеф Влатко Огненовски, кој на сите гости намерници, но и посетители на манифестација им овозможи двонеделно гурманско патување преку промоција на богатата традиционална македонска кујна и гастрономска култура.

На двонеделниот настан, проследен со забележителна медиумска помпа, при што шефот Огненовски беше претставуван како „Македонскиот Џејми Оливер“, исклучиво се служеа македонски специјалитети и традиционални јадења, како и македонски вина и ракија од винаријата Стоби.

Denovi na makedonskata tradicija vo Belgrad

„Белград, белграѓани и, воопшто, Србија, ширум ги отворија своите срца и сопствените рецептори за уникатно гастро-уживање што им го приредивме со презентација на традиционалната македонска кујна, но и преку фузија на традиционалното со модерното кулинарство. Јас сум промотор на здравата и функционална храна, а производите за неа ги наоѓам насекаде низ Македонија. Тоа е нашиот гастрономски Алшар и таа наша богата ризница ја претставувавм низ регионот и низ земјите од светот, насекаде каде што настапувам. Велам настапувам, а не само готвам, затоа што гастрономијата е шоу за сите сетила“, додава шеф Огненовски.

 

Шеф Огненовски на спекакуларното отварање во ресторанот Ковач, присутните гости и бројните претставници на медиумите ги воодушеви со гастрономски подготвениот релјеф од храна, со кој што ја претстави нашата национална кујна, како своевидно кулинарско патување преку вкусовите. Деновите на македонската традиција беа збогатени со настапот и препознатливата музика на Љубојна, како дополнување на гастрономското уживање. Низ двете недели на настанот, поддржан и од Амбасадата на Република Македонија во Република Србија, македонските традиционални специјалитети имаа можност да ги вкусат гостите на еминентниот белградски ресторан, меѓу кои и дипломати, политичари, преставници на бизнис естаблишментот, естрадни ѕвезди…