сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 12

Завршија протестите на мигрантите во Србија

Мигрантите со движење по коловозот го блокирале сообраќајот кај Белградската автобуска станица, незадоволни бидејќи не можат да ја преминат границата со Унгарија.

migranti

Последни вести

Протестот на мигранти во центарот на Белград, поради кој утрово беше блокиран сообраќајот кај Белградската автобуска станица, завршен е со меѓусебна тепачка и заминување на едната група кон унгарската граница.

Како што јави Танјуг, мигрантите со движење по коловозот го блокирале сообраќајот незадоволни бидејќи не можат да ја преминат границата со Унгарија.

Судирот меѓу нив се случил оти една група одбила да се придружи на протестот и да не ја прифати храната која ја добила од Инфо паркот.

Потоа, група од околу 335 мигранти пеш се упатиле преку Нов Белград кон северна Србија, а во моментов се наоѓа во Земун со придружба на полиција.

Најчитани вести