Завршни подготовки за пролетна сеидба во Пелагонија

Според Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, годинава со пролетна сеидба ќе бидат опфатени 18.000 хектари.

– Пролетната сеидба не е почната. Во овој период се подготвува почвата. Предвидено е најголем дел од површините да бидат засеани со сончоглед, пченка, фуражна пченка, градинарски култури и тутун. Временските услови се одлични за подготовка на почвата и очекуваме во наредните 5 до 7 дена, со затоплување на времето, да почне засадувањете зашто на тој начин семенскиот материјал подобро ќе поникнува и р’ти, истакна раководителот на Подрачната единица Илија Србиновски.