Македонија

Завршува летниот распуст за 275.000 основци и срeдношколци

Завршува летниот распуст за 275.000 основци и срeдношколци

За околу 275.000 основци и средношколци завршува летниот распуст и од утре за нив почнува новата 2015/2016 година. Првпат во училишните клупи ќе седнат и околу 20.000 првачиња.

Од вкупниот број ученици, околу 190.000 се основци и околу 85.000 средношколци.

Во Македонија има 105 средни и 337 основни училишта.