сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Завршува откупот на тутунот, просечната цена 196 денари

Завршува откупот на тутунот во државава. Досега се преземени преку 21.000 тони со просечна цена од 196 денари за килограм, информира Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

тутун

Поврзани вести

Претседателот на Сојузот Данчо Милески соопшти дека остануваат да се преземат уште неполни 1.000 тони тутун.

Деновиве интензивно се откупува на пунктовите на 9 откупни претпријатија во земјава. Откупот привршува. Преземени се преку 21.000 тони тутун по просечна цена од 196 денари за килограм. Остануваат да се откупат уште неполни 1.000 тони, Главнината на ланската реколта е откупена, квалитетот е солиден и главно, тутунарите се задоволни, рече Милески.

Од понеделник ќе се затвораат пунктовите, но ќе останат ваги во функција кај секој откупувач.

Откупувачите законски се обврзани до официјалниот крај на откупната кампања – 15 март да имаат отворено ваги за откуп на тутунот. Така ќе биде и годинава, иако главно пунктовите ќе почне да се затвораат, објаснува Милески.

Раководителот на делот за откуп при Тутунскиот комбинат од Прилеп Гоце Карапеески рече дека се задоволни со реколтата и со откупените договорени количества тутун за кои веќе имаат пласман.

Пасманот на договорените количества тутун преку Филип Морис ни е обезбеден пред почетокот на откупот. Имаме договорени преку 2.800 тони тутун од кооперантите. Над 90 отсто од количествата се откупени, а така е и кај другите откупувачи во земјава. Кај нас просечната цена е нешто повисока, 198 денари за килограм. Родот е квалитетен, задоволни сме како течеше откупната кампања, немаше големи оспорувања на процената на тутунот од производителите, рече Карапеески.

Тој појасни дека исплатата се одвива непречено, три дена по преземањето на родот и досега се е исплатено. Додаде дека ќе имаат отворени ваги за откуп до крајот на рокот, 15 март, со што, како што рече, и законски сме обврзани.

Најчитани вести