ТОП,Македонија

Завршува учебната година

Завршува учебната година

Завршува учебната година. За околу 270.000 ученици (187 илјади во основното и 81 илјада во средното образование) денеска е последниот ден од наставата во учебната 2015/2016 година.

По тримесечниот летен распуст учениците ќе се вратат во училишните клупи на 1-ви септември.

Резултатите од екстерното тестирање по два предмета, што деновиве се спроведуваше низ училиштата во Македонија, се очекуваат на 17-ти јуни. Само неколку дена порано, односно на 13-ти јуни ќе бидат објавени резултатите од екстерното тестирање на деветоодделенците бидејќи нив ги чека запишување во прва година средно образование на 28-ми и 29 јуни.

Матурантите, пак, овој месец ги полагаат трите екстерни предмети од државната матура од која им зависи запишувањето на факултет во август.