Завршува зимскиот распуст

Завршува зимскиот распуст за учениците. За околу 270.000 ученици во основните и во средните училишта денеска е прв училишен ден во второто полугодие од учебната 2015/2016 година.

Учениците кои беа на распуст од 30 декември 2015 денеска се враќаат во училишните клупи.