До крајот на годината завршување на Детската клиника во Козле и на ПЕТ Центарот

До крајот на годината ќе бидат завршени два крупни и многу значајни проекти во областа на здравството.  Станува збор за Детската болница во Козле, инвестиција вредна 7 милиони евра и ПЕТ Центарот.

Премиерот Никола Груевски потенцира дека многу брзо, Детската болница во Козле ќе биде пуштена во употреба.

Таа значително ќе ги подобри условите за лекување на деца кои имаат потреба од лекување во таа установа затоа што е нова, современа, со нова опрема, така што ќе биде навистина една додадена вредност во нашиот здравствен систем, рече премиерот Груевски.

Вториот значаен проект е исто така веќе готов болнички капацитет, а станува збор за ПЕТ центарот.

ПЕТ центарот е многу значаен за рано дијагностицирање, пред се на малигни заболувања. Не е значаен само за Македонија, туку има и регионално значење затоа што такви центри нема во секоја држава. Во него инвестиравме заедно за објектот и опремата околу 16 милиони евра. Тој е во самиот финиш. Некаде во текот на овој месец ќе биде завршен, пуштен во употреба и ќе следува неколкумесечен тест-период околу 5-6 месеци согласно меѓународните процедури за ваков вид на установи, додаде премиерот.

Владата планира и други проекти во македонското здравство, каде има и големи инвестиции.