Заздравуваат повредените рудари од рудникот „Злетово“

Заздравуваат двајцата рудари повредени во несреќата што се случи во рудникот „Злетово“ во петокот, соопшти денеска компанијата „Индо минерали и метали Македонија“, концесионер на рудникот.

Едниот од повредените рудари беше пуштен на домашно лекување во петокот, а другиот се уште е под болнички надзор.

– Индо Минерали и Метали Македонија се во постојана комуникација со семејството и со медицинскиот персонал во Клиничката болница во Скопје, со цел следење на состојбата на рударот, се вели во соопштението.

Според компанијата, по спроведената инспекција, надлежните рударски и полициски инспектори, уште истиот ден, одобриле продолжување на работите во „Злетово“. Истрагата водена од Рударскиот инспекторат е се уште во тек и се работи на откривање на причините за несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.