Заздравување на индустриското производство во Еврозоната

Индустриското производство во Еврозоната во ноември минатата година значително се поправи, што се зголемува довербата во заздравувањето во тој блок, покажуваат денеска објавените податоци на Евростат.

Индустриското произвoдство во Еврозоната во ноември порасна за 1,8 отсто по октомврискиот пад од 0,8 отсто. Во целата Европска унија пак, индустријата пораснала за 1,5 отсто по падот од 0,5 отсто во октомври, се наведува во соопштението на Евростат.

Во однос на ноември 2012 година, индустриското производство во Еврозоната, но и во ЕУ пораснало за три отсто.Најголемиот раст на индустриското произвдоство во ноември забележано е во Ирска (11,7 отсто) додека производството во Германија порснало за 2,4 отсто, а во Франција 1,4 отсто.
Благодарејќи на растот од 0,3 отсто во второто тромесечје минатата година, Еврозоната излезе од една ипол годишна рецесија.