Жбогар: Доколку има обединување за реформите, може да има и почеток на преговори

Доколку  сите политички партии и етнички групи обединат околу оваа главна цел и кон спроведување на неопходните реформи во судството, јавната администрација, безбедносниот сектор и да се промени на подобро однесувањето на сите, очекува во процесот на присоединување кон ЕУ следната година да се случи очекуваниот почеток на преговорите за членство, порача во средата евроаманбасадорот Самел Жбогар.

„Сигурен сум и оптимист дека ако сите во Македонија се обединат околу напредувањето во реформите во насока на евроинтергација дека во 2018 година вашата земја ќе ја достигне толку очекуваната цел за почеток на преговори со ЕУ“, истакна амбасадорот на Европската унија, Самуел Жбогар на настанот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово каде се одбележаа 60 години од потпишувањето на Договорите од Рим кои се сметаат за почетоци на создавањето на Европската економска заедница и со тоа на Европската унија.

Вчерашната неформална средба на високиот комесар за надворешна политка на ЕУ, Федерика Могерини со премиерите од Западен Балкан, уште еднаш ја покажува решеноста на Европската Унија за прием на регуонот во европската заедница вели Самуел Жбогар.

„Сите партии и етнички групи треба да се фокусираат околу целта да се направат реформи во јавната администрација, безбедносниот сектор, сите напори да го сменат однесувањето и менталитетот во земјата повеќе од сигурен сум дека ќе видиме прогрес во односните на вашата земја и ЕУ во следната година“, додаде.