Жбогар: Фер кампања и кредибилни избори за излез од политичката криза

жбогар

Тој денеска присуствуваше на отворањето на Националната конференција „Градење култура на соживот: Соработка помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа како фактор за развој на меѓуетничкиот дијалог“.

– Изборите можат да ја извлечат земјата од политичката криза и под услов новата влада кога ќе ја преземе функцијата да побара итно, искрено и сеопфатно спроведување на реформските приоритети, рече Жбогар.

Посочи дека меѓу нив се и подобрувањето на односите меѓу заедниците и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.