Жбогар ја презема функцијата шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија

Новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар денеска ќе му ги предаде акредитивните писма на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Жбогар, како што е најавено, ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Република  Македонија, Трајко Вељаноски.

Самуел Жбогар ќе го наследи досегашниот евроамбасадор Аиво Орав.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.