Жбогар: Македонија ја очекува многу работа на патот кон ЕУ

Македонија ја заслужи безусловената препорака, но ја очекува многу работа, рече во вторникот евроамбасадорот Самуел Жбогар на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на којашто го претстави Извештајот не Европската комисија за напредокот на земјата во евроинтргациите.

Европската унија препорачува: реформите да продолжат, институциите да бидат независни, а сите граѓаните да почувствуваат како се менува нивниот живот, рече Жбораг и најави дека ЕУ цврсто останува зад слоганот „ЕУ за вас“.

„Препораката од извештајот е кристално јасна, процесот на евроинтеграција не е техничка работа на штиклирање на задачите. Се работи за прифаќање и споделување на европските основни вредности. Потребно е да се одржат и продлабочат реформите. Одлуката за отпочнување на преговорите бара едногласно решение од сите 28 земји членки”, рече Жбогар и упати охрабрување за продолжување на преговорите за името.

„Се израдувавме и ги примивме пораките“, рече премиерот Заев. Најави продолжување на реформската политика и заеднички план 18.