Жбогар: Потребни се време и простор за СЈО да ја заврши својата задача

Според евроамбасадорот Жбогар, потребни се време и простор за СЈО да ја заврши својата задача.

Позицијата на Европската унија во однос на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е непроменета- вели амбасадорот Самуел Жбогар. Според него, потребни се време и простор за СЈО да ја заврши својата задача.

„Специјалното јавно обвинителство беше формирано со една цел- да се одреди законската одговорност која произлегува од скандалот со прислушкуваните материјали. Мислам дека на СЈО треба да му се даде време и простор за да ја финализира работата“, изјави евроамбасадорот Жбогар.