Зборот си е збор – Интензивно се реконструира блокот А во домот „Гоце Делчев“ (ФОТО)

Ристовки: Зборот си е збор - Интензивно се реконструира блокот А во домот „Гоце Делчев“
Ристовки: Зборот си е збор - Интензивно се реконструира блокот А во домот „Гоце Делчев“

По реновирањето на 135 соби во Блокот Б од студентскиот дом „Гоце Делчев“, каде што се сместени 315 студенти, во тек е реконструкција на блокот А, се спроведува нова електрична и водоводна инсталација, нов систем за парно греење, нови енергетски ефикасни прозори, а ќе се обноват и ѕидните површини и подовите…

За текот на градежните активности, денеска на својот Фејсбук профил информираше и заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој најави реконструкцијата на останатите блокови, мензата и партерот.

„Интензивно се реализираат активностите за реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“. По завршувањето на градежните работи во блокот Б, во тек е спроведувањето на втората фаза од процесот, со која е опфатен блокот А, каде се поставува целосно нова електрична и водоводна инсталација, нов систем за парно греење, нови енергетски ефикасни прозори, а ќе се обноват и ѕидните површини и подовите.
Во секоја од собите ќе има нови кревети, плакари, биро за учење, како и мини кујни со шпорет и фрижидер и целосно нова санитарија во тоалетите.

Инвестицијата е во висина од 1.5 милиони евра, средства обезбедени од Владата на Република Македонија.

Потоа ќе следи и реконструкцијата на останатите блокови, мензата и партерот.

Зборот си е збор“, објави Ристовски на својот ФБ профил.

12994548_1254814381208971_4609279054642352102_n

12998657_1254814277875648_5348694961804055583_n

13000080_1254814281208981_2078081349265526962_n

13000260_1254815044542238_3541833800475927790_n

13001107_1254814274542315_3513770846446208905_n

За комплетното реновирање на Блокот Б беа инвестирани 85 милиони денари. Променети се вратите, прозорците, подовите, во собите се заменети тоалетите, ставен е дополнителен мебел – кревети, плакари и биора. Реновирана е и библиотеката на овој студентски дом, која се наоѓа во Блокот Б и е опремена со литература од проектот за превод на стручни книги.