Зборовите на Нелсон Мандела одекнуваат низ времето

Нелсон Мандела ги пленеше луѓето ширум светот со својата духовитост и ги натера да размислуваат за нивните забелшки, „АФП“ објави некои од неговите најпознати цитати.

„Никаква сила на земјата не може да ги спречи угнетените луѓе, решени да ја заработат својата слобода“, јуни 1961 година.

„Сум се борел против белата доминација, сум се борел против црната доминација. Внимавав на идеалот за демократско и слободно општество, во кое сите луѓе ќе живеат заедно во хармонија и со еднакви можности. Се надевам овој идеал ќе се задржи во времето и ќе биде постигнат. Но ако е потребно, тоа е идеал, за кој сум подготвен да умрам“, за време на процесот за предавство, од април 1964 година, кога му се заканува смртна казна.

„Стојам тука пред вас не како пророк, туку како ваш скромен слуга, на народот“, при излегувањето од затвор во февруари 1990 година.

„Никогаш, никогаш, никогаш оваа прекрасна земја не треба да го преживува повторно задушувањето на едни луѓе од други и да ги доживува понижувањето да биде црна овца на светот. Нека царува слободата“, при стапувањето на должност како претседател, во мај 1994 година.

„Наградата е почит кон сите Јужноафриканци, а особено за оние кои ја водеа таа борба. Ја прифаќам во нивно име“, при добивањето на Нобеловата награда за мир, во декември 1994 година.

„Доцна во животот, цветав како цвет поради љубовта и поддршката што таа ми ја даде“, на свадбата со Грас Мишел, во јули 1998 година на 80-годишна возраст.

„Се повлекувам со јасна свест, чувствувајќи дека сум ја исполнил скромната обврската кон народот и мојата земја“, при повлекувањето како претседател во мај 1999 година.

„Конечно имам право да се напијам … следниот пит ќе победам“, откако Германија ја победува Јужна Африка и ја лишува од правото да учествува на Светското првенство во 2006 година, во јули 2000 година.

„Моите застапници секогаш велат дека сум имал 27 години во затвор да безделничам. Сега е време да го надополнам времето“, за својот живот во пензија во ноември 2000 година.

„Еден проблем што длабоко ме загрижи во затвор, беше лажниот имиџ, кој без да сакам го создадов за надворешниот свет, да ме сметаат за светец“, во последната книга од 2010 година, „Разговори со себе“.

„Смртната закана не ме натера да ја играм улогата на маченик. Бев подготвен за тоа, ако треба. Но секогаш се покажуваше силната желба за живот“, за ризикот од егзекуција во „Разговори со себе“.

„Ние сакаме бесрасово општество… Ние се бориме за општество во кое луѓето ќе престанат да размислуваат во бои… Не е важна расата, важни се идеите“, пасус од книгата „Разговори со себе“.

„Го осудувам тоа што една власт со претседател, кој не може да мисли логично, сега сака да го вовлече светот во холокауст“, за тогашниот американски претседател Џорџ Буш во подготовките за војната со Ирак, во јануари 2003 година.

„Треба да се инспирираме од сопствените искуства и активности. Во еден циничен свет почнавме да се инспирираме од многумина“, последното обраќање пред парламентот во мај, 2004 година.

„Африканската национален конгрес има историска одговорност да ја раководи нашата земја и да помага во изградбата на обединето нерасово општество“, кон приврзаниците на Африканскиот национален конгрес, во април 2009 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.