четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 46

ВИДЕО: Мажи во мини здолништа маршираат за поддршка на жртвите во Келн

Неколку стотици мажи облечени во мини здолништа излегоа на марш низ улиците на Амстердам за да изразат солидарност со жените, што беа цел на напади од страна на имигранти за време на Новогодишната ноќ во Келн, но и во уште неколку европски градови.

mazi-vo-zenska-obleka

Поврзани вести

Неколку стотици мажи облечени во мини здолништа излегоа на марш низ улиците на Амстердам за да изразат солидарност со жените, што беа цел на напади од страна на имигранти за време на Новогодишната ноќ во Келн, но и во уште неколку европски градови.

Организаторите на собирот соопштија дека сакаат да изразат солидарност со жртвите на нападите, бидејќи „многу често вината за сексуалното насилство им се припишува на жените и им се прачува: немојте да носите мини здолништа“.

Тоа не е решение. Кусите здолништа не се проблем. Затоа ги променивме улогите и ги славиме мини здолништата и слободата што тие ја носат. Ги откривме нашите машки колена во знак на поддршка на слободното општество, наведоа организаторите на маршот на својот профил на Фејсбук.

Еден од учесниците на маршот носеше трансапрент на кој беше напишано: „Сексуалното насилство не е по вина на жената на која тоа и се случило“.

Натаму во соопштението организаторите нагласуваат дека со собирот сакаат да дадат поддршка за изградба на општества во кои „жените ќе можат и дење и ноќе да одат по улиците во мини здолноште, без некој да ги вознемирува“.

Најчитани вести