Здравјето на Шешељ е доверлива информација за Хаг

Хашкиот трибунал ниту ги потврди, ниту ги негираше тврдењата на српските медиуми за влошената здравствена состојба на лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ.

Информативната служба на трибуланот соопшти дека информациите околу здравјето на обвинетите се доверливи и не можат да бидат објавени без дозвола од обвинетиот, пренесуваат српските медиуми.

Претходно, медиумите пишуваа дека Шешељ има рак на дебелото црево и дека им забранил на членовите на раководството на неговата партија јавно да говорат за неговото здравје.

Лидерот на радикалите, кој е во притвор од 24-ти февруари 2003 година, чека изрекување на пресудата.