Македонија

Здравстрената мрежа на ЈИЕ на меѓународна конференција во Скопје

Здравстрената мрежа на ЈИЕ на меѓународна конференција во Скопје

Меѓународна конференција на земјите – членки на здравствената мрежа на Југоисточна Европа ќе се одржи денеска во Скопје.

На конференцијата најавено е присуство на поголем број претставници од 10-те земји-членки на здравствената мрежа на ЈИЕ. На отворањето ќе се обратат министерот за здравство Никола Тодоров и регионалната директорка на Светската здравствена организација за Европа, Сузана Јакаб.

Ќе се дискутира за повеќе актуелни теми поврзани со идните активности на здравствената мрежа на Југоисточна Европа, како што се имплементацијата на стратегијата Здравје 2020 на Светската здравствена организација, мобилност на здравствени работници, како и регионалните аспекти на подготвеност и одговор за справување со јавно-здравствени ризици.