Македонија

Здравствен дом од утре со едукативни работилници за средношколци

Здравствен дом од утре со едукативни работилници за средношколци

Едукативни работилници за млади адолесценти, за заштита од злоупотреба на зависности од дрога, алкохол и цигари во средните училишта во прва и втора година во Градот Скопје, информираат од ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје.

Работилниците ќе се одвиваат во период од 6 работни дена, ќе започнат на 23 февруари и ќе се реализираат на првиот и вториот училишен час, според распоредот на училиштето. Изготвени се промотивно едукативни материјали кои ќе се делат на работилниците и постери со содржини за заштита од злоупотреба на зависности од дрога, алкохол и цигари.

Активностите ќе бидат во заедничка соработка со Министерството за внатрешни работи, со полициски службеници од СВР Скопје, кои во делот на едукатвните работилници ќе се приклучат на здравствените работници, како дел од кампањата Безбедност во сообраќајот и на учиниците ке им зборуваат за штетноста на употреба на алкохолот при управување со возило.