Здравствена едукација на децата во градинките

Во соработка со Општинската Организација на Црвениот Крст на Општина Гази Баба и оваа година се реализира проектот за здравствена едукација на децата во предучилишните установи „25 Мај“ и „Детска Радост“.

Реализацијата на проектот има за цел децата кои престојуваат во големите групи во градинките да стекнат навики за одржување на личната хигиена, надминување на страв од лекар, правилно миење и одржување на хигиената на забите,здравствени редовни контроли и слично.