Здравствената состојба на Шумахер е Status quo

Здравствената состојба на Шумахер е Status quo

Токму поради ова се намалуваат и надежите за спас на неговиот живот, а проблем плус преставува и тоа што Шумахер тежи само 45 килограми.

Информациите велат дека тој воопшто не е во состојба да зборува и не може да го исправи своето тело, односно да стане од креветот. Освен тоа, Шумахер не може да ги познае своите најблиски кои ја губат вербата дека тој повторно ќе биде оној стариот.

На крајот од декември ќе се навршат две години откако тој доживеа тешка несреќа додека скијаше на француските Алпи. Неколку месеци потоа беше во кома, а во септември минатата година лекарите го префрлија од Франција, во неговиот дом во Германија каде има мала клиника и за здравјето на Шумахер се грижат 15 доктори.

Според лекарите во Гренобл каде престојуваше првите месеци по несреќата, за да има некакви подобрувања во неговата состојба, потребни се најмалку три години.