четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Здравствениот дом во Крива Паланка ќе добие нов биохемиски анализатор

Со набавката на современ апарат ќе се подобри функционалноста на лабораторијата за биохемиски анализи.

Здравствениот дом во Крива Паланка ќе добие нов биохемиски анализатор

Здравствениот дом во Крива Паланка ќе добие нов биохемиски анализатор

Последни вести

Во лабораторијата на здравствениот дом „Димитар Арсов“ во Крива Паланка ќе биде набавен нов биохемиски анализатор за што веќе е завршен тендерот кој го спроведе Министерството за здравство, информира Јоско Стефановски, вршител на должноста директор на здрвствениот дом.

Тој посочи дека со набавката на современ апарат ќе се подобри функционалноста на лабораторијата за биохемиски анализи.
– Подолг времески период во домот се среќаваме со проблеми во експедитивноста на работење на лабораториските служби поради што во консултација со одговорните од ресорното министерство ни беше одобрена набавка на современ апарат кој има поголем капацитет за работа и ќе биде многу поефикасен и побрз. Со тоа ќе се избегнат проблемите со создавање редици за анализи на крвта, изјави Стефановски.
Нагласи дека тендерот во Министерството е завршен, а апаратот се очекува да биде инсталиран во догледно време. Додаде дека ќе се врши и обука на вработените за инсталација и ракување со био-хемискиот анализатор кој ќе ги подобри здравствените услуги кои им се пружаат на граѓаните од општините Крива Паланка и Ранковце

Најчитани вести