Здружение формирано од Заев добило 4 милиони денари годишно од Општината

Организација формирана од страна на струмичкиот градоначалник и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, добила 4 милиони денари годишно од страна на Општина Струмица, со која раководи токму Заев, објави порталот Курир.

Лидерот на СДСМ е еден од основачите на здружението „Младински Совет“, кое е формирано во март 2008 година.

Според информациите на Курир, Општина Струмица и Зоран Заев во 2011 година, според “Програмата за поддршка на локалниот економски развој“ префлиле сума од 4.000.000 денари општински пари на име „трансфер до детски парламент/младински совет“. Според  Курир,  станува збор за здружението на граѓани „Младински Совет“, а симптоматично е тоа што Оштина Струмица доделува 4 милиони денари годишно на здружение кое е формирано од страна на градоначалникот Зоран Заев.

programa500

 

Меѓу потписниците на одлуката за основање на здружението Младински Совет се Заев, Тони Милушев (актуелен претседател на Секторот за Локален економски развој (ЛЕР) во Струмица и Зоран Узунов (актуелен советник за образование во Кабинетот на Заев).

Во периодот кога е изгласана програмата за поддршка на локалниот економски развој 2011 година и се префрлени 4.000.000 денари на здружението, претседател на ЛЕР бил Зоран Ѓоргиев,  сега актуелен директор на ЈПКД Комуналец, кое во последниот период е актуелно поради тешката финансиска ситуација во која се наоѓа поради што доцнат и платите за работниците.

Од 2011 година Петар Божинов „про форма“ е претседател на Младинскиот Совет, функција која официјално не постои. Божинов сега е актуелен Советник во Општина Струмица од редовите на „Сојузот на иднината“.

Вчера во јавноста се појавија фотографии од викенд забавата во струмичкиот клуб ,,Платинум”, организирана токму од Младинскиот совет, а на која присуствува и Зоран Заев. На забавата, според објавените фотографии на фан-страната на клубот, се гледа како во присуство на Заев се прекршува законот во неколку случаи и тоа како во затворен објект се пуши цигари, присуство на малолетни лица и консумирање на алкохол од страна на малолетните лица.