Македонија

Здружението за заштита на правата на детето со осуда за политичкото влијание врз децата

Здружението за заштита на правата на детето со осуда за политичкото влијание врз децата

Здружението за заштита на правата на детето ги осудува сите обиди за политичко влијание врз децата и апелира до политичките структури да не ги користат на каков било начин во сопствените политички игри.

– Како граѓанско здружение во чиj фокус на делување е почитување и имплементација на одредбите и принципите од Конвенцијата за правата на детето и Законот за заштита на децата, каде се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување, ќе продолжиме со преземање мерки и активности за надминување на состојбите поврзани со кршење и непочитување на детските права, соопшти Здружението.

Здружението апелира и до родителите да не дозволуваат нивните деца да потпаѓаат под политички влијанија од што може да имаат само штетни последици.

Здружение за заштита на правата на детето 17 години делува на полето на детските права во Република Македонија, нивна заштита, почитување и унапредување.