Здруженијата за заштита на животни згрозени од садизмот на Вевчанскиот карневал

Згрозени сме од фотографиите и информациите добиени за Вевчанскиот карневал, кои без дилема покажуваат дека за време на истиот се овоможил садизам и толелирало насилство врз животните, порачуваат повеќе Здруженија за заштита на животните: „Анима мунди“,  „Анималиа“ од Охрид, „Гласот за животните“ од Велес, „Анимал ворлд“ од Струга, „Втора шанса“ од Кочани, „Мали херои“ од Битола и „Фауна“ од Куманово

„Најостро го осудуваме злоупотребата, мачењето на животните кое се случи на улиците на Вевчани, за кое ни сведочат бројни потресени граѓани и приложуваат слики. Кокошки наденати на вили, живи преплашени кокошки врзани за екстремитетите и фрлани во воздух како да се топки а не живи битија; обезглавена живина; труп на убиено куче заврзано за екстремитетите како плен, влечкано и мавано од толпата за да се прикаже пагански ритуал; живо куче со заврзани очи влечено (приморувано) да оди во толпата народ, иако од превезот не гледа ништо и јасно покажува паника, стрес и уринира од страв; натоварени магариња, коњи приморувани да одат во толпата, тепани доколку не сакаат да продолжат; обезглавени зајаци!“, порачуваат здруженијата.

Тие бараат одговорност од учесниците на карневалот кои приредиле вакви грозоморни сцени, велејќи дека такво нешто не прават „здрави луѓе туку девијантни лица – со тоа карневалот не прикажа како дивјаци и насилници кои не се користат со уметност и маски туку во недостиг од имагинација посегаат по животи, стојат инертни пред стравот, болката на животните, смртта на животните, се подсмеваат!“

„Ние, Анима Мунди заедно со здруженијата Анималиа од Охрид, Гласот за животните од Велес, Animal world од Струга, Втора шанса од Кочани, Мали херои од Битола и Фауна од Куманово, се обраќаме до организаторите на Вевчанскиот карневал, Министерството за култура, министерката Елизабета Канческа-Милевска, општина Вевчани, градоначалникот Цветомир Угриноски и бараме да јавно го осудат насилството врз животните кое непречено се случуваше за време на карневалот во Вевчани – да се оградат и осудат истото како манифестација, зошто во спротивно ќе бидат соучесници“, порачуваат здруженијата.

Тие фотографиите ги доставиле и до Агенцијата за храна и ветеринарство, директорот Зоран Поповски и Секторот за заштита на благосостојбата на животните, со барање итно да се постапи согласно Законот за заштита и благосостојба на животните а кој вели дека е забрането предизвикување на болка, патење или повреди, сурово или нехумано однесување. Од здруженијата бараат да ги откријат и да се казнат поединците кои стојат зад ова.kuce so vrzani oci kuce ubieno kuce ziva kokoska so vrzani noze frlana zivotni

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.