Зехофер доби уште еден мандат на чело на CSU

Претседателот на баварската Христијанско-социјална унија (CSU), Хорст Зехофер повторно на партискиот конгрес во саботата во Нирнберг е избран за претседател на партијата.

„Ова е добра основа за она што нѐ очекува во Берлин и во Минхен“, изјави Хорст Зехофер окатко со 87,2 отсто од гласовите повторно е избран на местото претседател на CSU, партија којашто во германската сојузна покраина Баварија ја застапува демохристијанската опција.

Конгресот се одржува две седмици откако е одлучено Хорст Зехофер, кои воедно е и премиер на Баварија, да ја задржи функцијата претседател на партијата, додека досегашниот министер за финансии на Баварија, Марку Шедер на почетокот од годината и официјално ќе ја преземе функцијата претседател на баварската влада.

„Од денешниот ден започнува еден нов период во историјата на Христијанско-социјалната унија“, рече Зехофер.

На својот главен внатрешнопартиски конкурент му вети „тесна соработка“. Зехофер во иднина ќе се концентрира на обврските коишто CSU, како дел од демохристијанската Унија CDU/CSU, ја чекаат во Берлин.

Реструктуирањето во врвот на партијата е дека од реформскиот план, со кој CSU сака да се подготви за покраинските избори во Баварија коишто треба да се одржат есента 2018 година.

На парлачната и антментарните избори на крајот од септември CSU во Баварија претрпи големи загуби поради одлевањето на голем број гласачи на контото на евроскептичната и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD). Потоа Зехофер вети дека CSU политички „ќе го пополни десното крило“ што во прв ред подразбира поостра доселеничка и бегалска политка.

Промената во врвот на партијата се доживува и како резултат на притисоците врз Зехофер да ја преземе одговорноста за слабиот резултат на последните избори.