Зелените трафики, сепак нема да заминат во историјата

Бутките на автобуските станици кои фукнционираат како сендвичари и тобака ќе останат на автобуските станици. И покрај тоа што овие објекти се од времен карактер, од Град Скопје велат дека дел од нив кои не се влезени во Деталниот урбанистички план ќе бидат урнати.

„Локациите за киосците се регулирани со посебна програма и доколку се во тамките на параметрите предвидени со програмата, дел од постојните објекти може и да останат. Сопствениците тоа право го регулираат или со општината и со Град Скопје“, велат надлежните од Градот.

Досега на повеќе локации низ главниот град се отстранети познатите зелени трафики или народски познати како бутки.

Овие објекти повеќе ги нема во Карпош кај Лептокарија, во Центар карши Градежен факултет, на Илинденска кај гимназијата „Орце Николов“, на Бит Пазар и на други локации.

Тие најчесто користеа како трафики од кои можеа да се купат весници, цигари, мастики, чоколатца, но на одредени локации имаше и сендвичари, билетарници на ЈСП, крижарници…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.