Зелено смути за енергија во текот на целиот ден

Ова не е обично зелено смути, туку и напиток што се препорачува во комбинација со јога вежби за сите што патат од срцеви заболувања…

За 1 смути потвребно ви е:

  • 1 киви, излупено и исечено на парченца;
  • ½ авокадо, исчистено и исечкано;
  • ¼ филџан смрзнат грашок;
  • ½ филџан исечкан кељ;
  • 1 лажичка зелен прав, како што е прав од хлорела, зелена пченица или мача;
  • 1 лажичка нектар од агава или друг природен засладувач;
  • ½ филџан несалсадено растително млеко;
  • 1 лажичка семки од тиква

Ставете ги сите состојки во блендер освен семките и миксајте додека не добиете глатка напивка. Ставете во чаша и додадете ги семките од тиква.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.