Железарец одигра солиден натпревар – сепак загуби од Пескара

Иако одигра солиден натпревар, Железарец загуби од домаќинот Пескара

Железарец, кој е актуелен шампион на Македонија одигра солиден натпревар, но сепак противникот успеа да ги реши за четири минути.

Првиот погодок во нашата мрежа го постигна Калдероли во 2 минута, додека конечниот епилог го постави Рескја во 6 минута.

На средбата во Пескара импресивни беа нашите голмани, кои вкупно забележаа 21 одбрана.

Во второто коло на Футсал-купот на УЕФА нашиот шампион се среќава со Тулпар, кој освои бод во првото коло против Асе. Мечот меѓу Железарец и казахстанскиот претставник се игра утре од 17,30 часот.