Железница „длабоко“ се извини бидејќи возот тргна 20 секунди порано

Операторот со дел од јапонските железнички линии објави „длабоко“ извинување поради „големата непријатност“ предизвикана за патницие со тоа што возот тргна 20 секунди порано.

Возот „Тсукуба Експрес“, ког го поврзува главниот град Токио со неговите северни предградија, тргнал од станицата во Минама во 9:44:20 наместо во 9:44:40 часот.

„Длабоко им се извинуваме поради големите непријатности на патници“, соопшти компанијата којашто управува со оваа линија.

Јапонските возови се познати по својата точност за којашто нема пример за споредба во светот. Дури и најситните непочитување на возниот ред предизвикуваат итни извинувања од страна на операторите.

Бидејќи возовите на исти линии поаѓаат во интервал од по неколку минути за да се справат со големиот број патници, дури и незначителните застои може да предизвикаат верижна реакција и хаос во железничката мрежа.

Поради тоа станиците во јапонската престолнина Токио вреботуваат повеќе десетиции службеници, познати по белите ракавици, коишто се грижат возовите да тргнат точно во секунда.