Меѓународната железничка станица во Будимпешта повторно отворена

Меѓународната железничка станица Келетинеќе во Будимпешта е повторно отворена, но не се дозволува влез на мигранти, јавуваат унгарските медиуми.

Инаку меѓународната железничка станица во Будимпешта утрово беше затворена поради обидите на стотици мигранти да се качат на воз за Австрија или Германија.

Патниците преку разгласна станица биле известени дека на главната меѓународна железничка станица Келетинеќе нема да влезе ниту еден воз, а ниту пак се очекува дека ќе тргне.

Меѓународната железничка станица во Будимпешта повторно отворена
Меѓународната железничка станица во Будимпешта повторно отворена

Известувањето следело откако претходно околу 500 мигранти – мажи, жени и деца се обиделе да влезат во последниот воз за Виена.

Во еден миг, неколку стотици полицајци почнале да ги потиснуваат луѓето кон излезот иако не пружале отпор ниту пак имало некакви конфликти.

Неколку стотици луѓе останале да чекаат пред станицата од каде тргнуваат сите возови за Австрија и Германија, додека полицијата го блокирала главниот влез.

Само во август, 50.000 мигранти и бегалци, повеќето од земјите зафатени од војни, како што се Сирија, Ирак и Авганистан влегле во Унгарија. Повеќето од нив сакаат да го продолжат патот кон Западна Европа, воглавно во Германија. Пристигнале во Виена, што, како што информираат австриските власти е најголем број примени бегалци во еден ден.

Австрија ги заостри контролите на граничните премини

Австрија од пред два дена ги засили контролите на граничните премини. Одлуката на Австрија за засилени контроли следеше откако во текот на минатата недела во напуштен камион покрај автопат беа пронајдени 71 безживотно тело на бегалци кои пристигнале преку Унгарија.

Австрија ги заостри контролите на граничните премини
Австрија ги заостри контролите на граничните премини

Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер изјави за радиото ОРФ дека Австрија ја засилила контролата на источните граници.

Ќе спроведуваме контроли во неопределен период на сите поважни гранични премини во источниот регион и ќе ги прегледуваме сите возила кои што имаат можни места за криење луѓе кои што се жртви на трговија со луѓе, рече Микл-Лајтнер, пренесе британски Телеграф.

Со построгите контроли најдени над 200 бегалци и уапсени неколку криумчари

Според официјалните информации, властите во Австрија откриле околу 200 баратели на азил и уапсиле пет лица за трговија со луѓе, во рамки на новата операција што се спроведува на границите на земјата.

За неколку часа откако почнавме да ги спроведуваме овие мерки, за кои што постигнавме согласност со Германија, Унгарија и Словачка, успеавме да откриеме повеќе од 200 бегалци во слични такви возила а успеавме да уапсиме и неколку криумчари на бегалци, изјави Конрад Коглер генерален директор за односи со јавност во Министерството за внатрешни работи на Австрија.

Австриската министерка за внатрешни работи, на истата прес-конференција потенцира дека проверките што се преземаат на австриските гранични премини не се вообичаени гранични контроли.

Во Австрија пристигнаа 3.650 бегалци

Околу 3.650 бегалци пристигнаа од Унгарија во Виена, според тамошните власти, а повеќето од нив понатаму се упатуваат кон Германија.

Австриските власти соопштија дека сопреле два воза со неколку стотици мигранти во близина на границата со Унгарија за да ги проверат нивните документи.

Оние што веќе имаат поднесено барање за азил во Будимпешта биле враќани назад, а другите го продолжиле патувањето.