ФОТО: Железничката станица во Скопје доби сосема нов лик

За десетина денови целосно ќе заврши реконструкцијата на Железничката станица во Скопје.

Од фотографиите што ги објави Билд, може да се увиди дека е завршена санацијата на сите шест перони, поставени се новите лифтови и ескалатори, променети се влезните врати, реконструирани се сите станични тоалети. Покрај ова, нов лик доби и чекалната.

zeleznicka-stanica-2

Во рамки на зданието е поставен нов противпожарен систем, целосно е санирана инсталацијата, меѓу кои електриката и климатизацијата. Покривната конструкција на објектот е офарбана, а воедно треба да се постават фотонапонски панели на покривот од кои делумно ќе се произведува потребната електрична енергија за станицата.

zeleznicka-stanica-3

Според денешната слика на градилиштето, она што во претстојниот период треба да се доврши е реконструкцијата на билетарата, но и поставувањето на нови информативни табли за возниот ред на возовите.

zeleznicka-stanica-4

Комплексниот зафат треба да заврши со целосно чистење на железничката станица, по што објектот е предвидено да биде пуштен во употреба. Очекувањата се дека свеченото отворање ќе се организира наредниот месец.

zeleznicka-stanica-6

Реконструкцијата на Железничката станица во Скопје започна во април 2014 година, кога беше најавено дека истиот ќе заврши во рок од една година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.