Македонија

Железничкиот сообраќај нормализиран

Железничкиот сообраќај нормализиран

Нормализиран е железничкиот сообраќај на територијата на Република Македонија. Машиновозачите кои што штрајкуваа, на денешната средба со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски сами побарале да се вратат на работа.

На средбата постигнат е договор меѓу министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, раководството на МЖ Транспорт АД-Скопје и синдикалните претставници на НСМП при МЖ Транспорт АД-Скопје.

Врз основа на постигнатиот договор во Министерството за транспорт и врски меѓу министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, раководството на МЖ Транспорт АД – Скопје и синдикалните претставници на  НСМП при МЖ Транспорт АД – Скопје, кои одбиваа да работат, од денес повторно се вратија на своите работни места, се наведува во соопштението од МЖ Транспорт АД – Скопје.

Најголема заслуга во надминување на состојбата во Железница и нормализирање на железничкиот сообраќај имаат вработените кои со својот професионален однос не подлегнаа на заканите и притисоците на синдикатот кој штрајкуваше.

Благодарение токму на нив, професионалните работници, не помина обидот за политизирање на штрајкот од одредени структури, кои покажаа неодговорен однос кон сите вработени во Железницата. Машиновозачите кои што штрајкуваа, на денешната средба со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски сами побарале да се вратат на работа.