Жељко и Јована добија близнаци

Балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга Јована добија уште две ќеркички.
Јована синоќа во една болница во Белград роди близнаци, а Гордиот тато Жељко на социјалните мрежи ја сподели радосната вест.

-Светот од денеска е побогат за уште две прекрасни девојчиња: Ана и Срна, добре ни дојдовте драги наши принцези, напиша Жељко Јоксимовиќ, по раѓањето на близначките.

Јована и Жељко инаку веќе се родители и на тригодишниот Коста.