Земал храна од контејнер, сега се соочува со обвинение

Во Лондон следниот месец ќе почне судењето на еден Британец бидејќи од канта за ѓубре од супермаркетот „Исланд“ земал неколку домати, печурки и сирење, во вредност од 40 евра, објави британски „Гардијан“.

Се очекува обвинетиот Пол Меј на судењето да се брани со тврдењето дека храната ја земал бидејќи ја изел и смета дека со тоа што ја земал храната која би требало да заврши на депонија не направил нешто нелегално или нечесно.

Овој случај ќе го поттике британското судство да го проучи феноменот „Skipping“, кој што се однесува на праксата некои луѓе да земаат прехрамбени производи кои продавниците ги фрлиле поради истекот на рокот на важење или имаат оштетена амбалажа за подоцна да се зготват и изедат.

Покрај тоа, овој случај ќе укаже на прашањето колку храна фрлаат супермаркетите, и покрај тоа што во јавноста е спроведена кампања за помалку фрлање на храната, како и тоа да се насочи вниманието кон луѓето кои се принудени да преземат радикални мерки за да се прехранат.