Работел во странство и земал плата од основно училиште во Македонија

Кривична пријава заработи директорот на основно училиште во кумановско Лопате. Не му го прекинал договорот на еден од вработените поради неоправдано отсуство, а со тоа му овозможил му да замине на привремена работа во странство.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Р. (46) од село Лопате, директор во ОУ „Битолски Конгрес“ во село Лопате, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот во својство на одговорно лице во текот на 2014 и 2015 година во повеќе наврати ја злоупотребил службената положба на тој начин што кон друг вработен во училиштето не презел законски мерки, односно не му го откажал договорот за вработување поради неоправдано отсуство од работа во 2014 и 2015 година.

Со тоа му овозможил му да замине на привремена работа во странство, а за тоа време примал плата и му биле исплатени придонеси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.