Земан: Исламот ќе ги претвори луѓето во робови

Чешкиот претседател Милош Земан ја искритикува постапката на земјите на Европската унија против радикалните исламисти, изјавувајќи дека според него членките на „исламскиот тероризам” реагираат исто како против нацизмот на Хитлер во 30-тите години на минатиот век.

– За жал земјите на ЕУ реагираат слично како против нацизмот, со протести, собири, демонстрации и тоа е сè, рече Земан.

Претседателот на Чешка, како што јави дописникот на МИА од Прага, повтори дека поддржува координирана акција од страна на Меѓународната заедница.

– Исламот и особено неговата радикална верзија има за цел сите неверници да ги принуди да се исламизираат, или да ги претворат во робови, додаде Земан.

Тој ја окарактеризира пропагандата на Исламската држава (ИД) како експлозивна мешавина која егзистира во 14. век, но ги има социјалните мрежи на располагање.

Според Земан, западните земји не смеат да ја повторат политиката на попуштање и кукавичлук пред каква било форма на тоталитарна идеологија, посебно онаа која има корени на верска омраза.

– Две милијарди муслимани може да се дигнат во верска револуција и да ја поразат евро-американската цивилизација, рече Земан.

– Ако во 1936 година го запревме Хитлер, немаше да постојат Минхенскиот договор, Холокаустот, ниту Втората светска војна.Тогаш бевме кукавици и ако се покажеме пак, последиците ќе бидат слични, оцени Земан, повикувајќи на што побрза интервенција на западните земји против ИД.