Земан ја критикува ЕУ дека е „кукавица“ во однос на Ерусалим

Чешкиот претседател Милош Земна ја критикуваше во саботата Европската унија дека е кукавица, коментирајќи ја реакцијата на Брисел откако американскиот претседател Доналд Трамп го ефектуираше деценискиот закон за признавање на Ерусалим за израелска престолнина.

„Европската унија, кукавица, прави сѐ за пропалестинската терористичка струја да надвладее над произраелската струја“, изјави чешкиот претседател Милош Земан.

„Како доказ, потсетувам дека Европскиот парламент неодамна го одобри говорот на осудената палестинска терористика, којашто тврдеше дека борбата против палестинската автономија е идентична на онаа против Евреите во Аушвиц“, додаде Земан алудирајќи на Лејла Калед, челничка на Палестинскиот национален совет, која во 1969 година учествуваше во грабнување на авион.

Земан потсети дека и самиот тој уште во октомври 2013 година предложи преселување на чешката амбасада до Тел Авив во Ерусалим. Овие изјави на чешкиот претседател додјдоа од конгресот на десничарската партија SPD.

Чешкото министерство за надворешни работи објави во четвртокот дека одлуката за преселување на дипломатската мисија во Ерусалим може да биде донесена само „во зависност од резултатот од преговорите меѓу клучните партнери во регионот и во светот“. Во согласност со ставовите на ЕУ, чешката дипломатија смета дека Ерусалим би требало да биде „иден главен град на двете држави, односни Израел и идната Држава Палестина“.

Европската унија во четвртокот поради одлуката на САД предупреди на моќноста од враќање „во уште помрачни времиња од оние во коишто денес живееме“.

Седумдесет и тригодишниот Милош Земан во јануари ќе се кандидира за вториот претседателски мандат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.