Свет

очекуван исход на дводневните изори во првиот круг од претседателски избори Земан победник во првиот круг од претседателските избори во Чешка

Земан победник во првиот круг од претседателските избори во Чешка

Актуелниот чешки претседател Милош Земан, за кого западните медиуми пишуваат дека е проруски и прокинески ориентиран, како и што се очекуваше е во водство по првиот круг од претседател Јири Драхош.

По пребројувањето на 99.,03 отсто од гласачките ливчиња од гласањето коешто се одржуваше на 12-ти и 13-ти јануари а на кое одѕивот на гласачите бил 61,6 отсто од околу 8,4 милионското гласачко тело, 73-годишниот Милош Земана освојува 37,77 отсто од гласовите, наспроти Јири Драхош кој во вториот круг ќе влезе со освоени 26,50 отсто, објави чешката јавна телевизија. Другите кандидати освоиле меѓу 0,5 и 10 отсто од гласовите. Актуелниот претседател победил во сите 13 окрузи.

„Вториот круг ќе биде изедначена трка. Милош Земан ќе има голем проблем. Јасно е дека другите кандидати се зад овие двајца, односно Павел Фишер, Марек Гилсер и Михал Горачек, во другиот круг ќе гласат за Драхош“, смета независниот аналитичар Јири Пехе, одговарајќи на прашање на агенцијата AFP.

Самиот Драхош, изразувајќи пред новинарите задоволство од остварениот резултат, рече дека се надева дека ќе ги „добие гласовите на оние коишто не го гласале Земан“ во првиот круг. Драхош спомена „одреден замор“ кај Земан, алудирајќи на здравствени проблеми на актуелниот претседател кој последниот период се движи со бастун. Изрази желба во следните две седмици до вториот круг да се „соочи во јавна дената“ со Земан, којашто досега не се одржа, а вториот веднаш му возврати.

„Никогаш не сум се плашел од учества во дебати, уште сум млад и во сила и секога дебата е добредојдена. Штотуку на телевизијата го слушнав Драхош и со задоволство ќе му ја исполнам желбата“, рече Земан пред новинарите.

„На минатите претседателски избори освоив 24 отсто во првиот круг и 54 отсто во вториот круг, а годинава 40 отсто веќе во првиот круг. Му честитам на Јири Драхош на убавото второ место“, додаде Земан.

Поранешниот чешки амбасадор во Франција, Павел Фишер, е на третото место со 10,19 отсто од гласовите, а го следи бизнисмен и автор на музички хитови Михал Хораче со 91,4 отсти и лекарот Марек Хилсер со 8,82 отсто.