Која европска земја ќе прими најмногу бегалци?

Која европска земја ќе прими најмногу бегалци? Лидерите од Европската унија договорија итен план за распоредување на над 160.000 бегалци, кои моментално се наоѓаат на територија на цела ЕУ, пренесува МИА, повикувајќи се на британскиот весник „Дејли мејл“.

Според новиот план, во кој вчера имал увид британскиот весник, бегалците кои се наоѓаат во Италија, Грција и Унгарија ќе бидат пренесени во други држави од ЕУ, според критериумот на вкупен број жители и економскиот просперитет на земјата.

Поднесени барања за азил во земјите на ЕУ во 2014-тата
Поднесени барања за азил во земјите на ЕУ во 2014-тата

Германија ќе прими најмногу бегалци, или околу 35.000. Во Франција ќе бидат пренесени 26.000, во Шпанија 16.000, а во Хрватска 3.200 бегалци.

Велика Британија според истиот критериум би требало да прими 17.000 бегалци.

Транзитни рути по кои се движат бегалците / мигрантите
Транзитни рути по кои се движат бегалците / мигрантите

Британскиот весник наведува дека според документот на ЕУ, во Унгарија се наоѓаат вкупно 54.000 бегалци, во Италија 39.600 и во Грција 66.400 бегалци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.