Земјата од денеска живее на кредити

Светот од денеска живее на кредит бидејќи е во еколошки минус.

Населението ширум светот ги има потрошено сите прирудни ресурси кои Земјата може да ги обнови во рок од една година.

Оваа година влеговме во „црвено“ еден ден порано во споредба со 2013 година и дури 45 дена порано од 2000 година.

„Earth Overshoot Day“ е датум во годината кога човештвото ги потрошило природните ресурси. Овој фатален датум секоја година е се порано и порано.

Дури 86 отсто од светското население живее во земји кои бараат повеќе од природата отколку што таа може да им обезбеди.